Top Sport

Неверојатна физичка трансформација на „силните момци“ Тор и Еди Хол

Исландскиот „џин“ и ѕвезда од „Игра на троновите“, Хафтор Бјорнсон и неговиот стар ривал Еди Хол ја покажаа својата физичка трансформација во подготовките за мечот во боксерскиот ринг во септември 2021 година.

Бјорнсон успеал да скрати речиси десет килограми во последните две недели, и се пофали на своите 3.2 милиони следбеници на Инстаграм со нова фотографија.

„Почнувам да гледам добар прогрес. Се надевам дека вие останувате мотивирани за остварувањето на вашите цели“, вели „Планината“.

Во исто време, неговиот британски ривал Еди Хол (со прекар „Ѕвер“) преку Инстаграм најави дека симнал повеќе од 30 килограми со физичката работа, објаснувајќи со две фотографии на кои има 196 и 163 килограми.

 

View this post on Instagram

 

Transformation Tuesday 2017 – 2020 ? Website link in bio↖️ #BackUpYourBull Big Love The Beast

A post shared by Eddie hall – The Beast (@eddiehallwsm) on

До дуелот на двајцата „најсилни луѓе на планетата“ можеби има повеќе од една година, но ривалството меѓу двајцата трае подолго време. Мечот беше договорен во мај, откако Бјорнсон крена 501 килограм, рушејќи го за еден килограм рекордот на Хол и го повика на меч во боксерскиот ринг.

Претходно, по освојувањето на титулата „најсилен човек“ во 2017 година, Хол беше обвинет од Бјорнсон дека мамел во натпреварувањето и следната година Исланѓанецот ја освои титулата.

Scroll to Top