Top Sport

Незапирливиот Стох победи и во Гармиш! (видео)

Актуелниот шампион од новогодишната турнеја „4 Скокалници“, Полјакот Камил Стох стигна до победа и на второто натпреварување, новогодишните скокови во Гармиш-Партенкирхен за да биде многу блиску до победа во генерален пласман со уште два скока во Австрија.

Стох имаше скокови од 135.5 и 139.5 метри за да собере 275.8 поени и да го победи домашниот фаворит и лидер во генерален пласман, Рихард Фрајтаг, кој имаше 270.2 поени со скоковите од 132 и 137 метри пред домашната публика. Подиумот го комплетираше Норвежанецот, Андерс Фанемел со 269.2 поени по скоковите од 132.5 и 136.5 метри.

По две од четирите скокалници, Стох има 563.1 поени, а Фрајтаг е многу блиску со 551.3 поени, така што во Бишофсхофен и Инсбрук ќе има интересна пресметка за трофејот со орелот. Полјакот Давид Кубацки е трет со 530.8 поени. Во генерален пласман од Светскиот куп, Фрајтаг останува прв со 710 поени, пред Стох со 523.

Scroll to Top