Ѕвездата на НФЛ тимот Вашигтон редскинс, Џош Норман сподели лудо видео од неговата посета на Шпанија, каде што учествуваше на славната трка на биковите во Памплона, покажувајќи ги своите акробатски способности.
На видеото се гледа како корнербекот Норман трча директно кон бикот и директно го прескокнува, способност која сигурно му помага во редовните НФЛ натпревари.
Секоја година од 50 до 100 луѓе се повредени на фестивалот во Памплона, каде што има активности како трчање со бикови по улиците, или како во случајот со Норман во арена за гладијатори. Од 1910 година, 15 луѓе го загубиле животот на овој фестивал.