Top Sport

НФЛ како гладијаторска арена – Севиџ играше и покрај ударот (видео)

Темата околу потресите на мозокот во НФЛ лигата повторно станува актуелна откако во неделниот меч меѓу Хјустон тексанс и Сан Франциско 49ерс, квотербекот на Тексанс, Том Севиџ ја загуби свеста по еден удар, но продолжи да игра.

Севиџ доби удар од дефанзивецот на 49ерс, Елвис Дамервил во текот на втората четвртина и беше забележан како се тресе со згрчени раце на теренот. Но, тој продолжи со играта, пред конечно да биде заменет со Ти Џеј Јејтс.

По натпреварот, тренерот на Тексанс, Бил О’Брајан изјави дека во тимот процениле дека сè е во ред со него.

„Го проценивме и во тој момент сè изгледаше океј. Јас не ја правев проценката, туку нашиот тим. Тој се врати на теренот, а по следната акција беше повлечен. Тоа е сè што можам да кажам“, изјави О’Брајан.

Scroll to Top