Top Sport

НФЛ против корона вирусот: Очекуваме полни стадиони

Трој Винсент, потпретседателот на НФЛ вели дека професионалната лига во американски фудбал планира да ја стартува сезоната со полни стадиони и покрај тоа што во САД има речиси 100.000 починати од корона вирусот.

Иако до стартот на сезоната има уште неколку месеци, влијанието на КОВИД-19 на американскиот спорт беше огромно – НФЛ драфтот го оддржа преку „Зум“, НБА планира лигата да ја продолжи во „Дизниворлд“, а МЛС фудбалската лига е прекината. Но, во НФЛ имаат јасен план.

„Планираме да имаме полни стадиони, освен ако не добиеме поинаков совет од лекарите. Зборуваме за септември, така што има доста време и затоа планираме полни стадиони. Има опција и да има ’половично’ полни стадиони, но тоа е план Б“, вели Винсент.

Scroll to Top