Top Sport

Нгапет уапсен поради сексуално вознемирување

Еден од најдобрите одбојкари во светот Ервин Нгапет од Франција бил уапсен во бразилскиот град Бело Хоризонте поради сексуално вознемирување.

Нгапет е играч на Зенит. Тој со својот тим бил учесник на Светското првенство за клубови, кое заврши со триумф на Лубе од Италија, Зенит во конечниот пласман завршиле на третото место.

По завршувањето на натпреварите домаќините организирала забава за учесниците на клупскиот Мундијал.

Во текот на забавата Нгапет фатил една девојка за задникот. Таа го пријавила за сексуално вознемирување, а полицијата веднаш го уапсила.

Францускиот репрезентативец е во притвор и чекал да биде изнесен пред судија за прекршоци.

Тој веќе ја признал вината. Истакнал дека мислел дека се работи за девојка од неговиот тим.

Ова не е прв пат Нгапет да има проблеми со законот. Пред три години тој бил осуден на три месечна затворска казна бидејќи воз го удрил кондуктерот.

Scroll to Top