Top Sport

Нишикори: Ќе се вратам многу посилен

Јапонецот Кеи Нишикори вели дека ќе се врати по долгата пауза поради повреда на почетокот на 2018 и дека главна цел ќе биде „ловот“ на гренд слем титули и пласман во топ 5.

27-годишниот Нишикори беше деветорангиран пред да добие повреда на зглобот на раката пред Мастерсот во Синсинати во август, по што стана еден од повеќето тенисери во аут во вториот дел од сезоната, заедно со Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка.

„Не знам кога ќе бидам целосно подготвен, затоа нема да брзам. Целта е да настапам на Бризбејн интернешнл, но на крајот може да се вратам во февруари или во март. Сакам да бидам во позиција веднаш да се борам за титули на Мастерс и гренд слем турнирите. Ментално ќе бидам многу посилен од претходно“, вели Нишикори.

Јапонецот, кој пропушти речиси цела сезона во 2009 по операција на лактот, овојпат се реши на рехабилитација наместо операција.

„Да не беше повредата немаше да поминам период на рехабилитација во Европа. Таму сретнав тренер кој ме научи многу работи и мислам дека го сменив телото“, додава најдобриот азиски тенисер.

Scroll to Top