Top Sport

Нишикори по пет часа и пет сета го „скрши“ Карењо-Буста

Кеи Нишикори ќе играво четврт-финалето на Австралија опен, откако во маратонски меч кој траеше пет часа и 11 минути го елиминира 23. носител на турнирот Пабло Карењо-Буста од Шпанија. Супер тај-брејкот во петтиот сет му припадна на Нишикори со 10:8, иако во еден момент Шпанецот водеше со 5:7 и 6:8.

foto: epa

Нишикори го победи Карењо-Буста, во веројатно најдобриот меч одигран досега на турнирот и покрај тоа што неговиот противник, инаку 23.носител ги доби првите два сета.

Карењо-Буста првиот сет го доби со 6:7, вториот со 4:6, но Јапонецот немаше намера да се предаде и возврати на идентичен начин 7/6, 6/4 и израмни на 2:2 во сетови.

foto: epa

Драмата продолжи во петтиот сет, во кој Нишикори прв стигна до брејк, Карењо-Буста успеа да се врати, избори супер тај-брејк, но не издржа до крајот.

Нишикори во четврт-финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

Scroll to Top