Top Sport

Нишикори се предаде, Ѓоковиќ во полу-финалето на АО

Новак Ѓоковиќ речиси без борба избори пласман во полу-финалето на Австралија опен, откако Кеи Нишикори му го предаде мечот во вториот сет.

Шесткратниот освојувач на титулата во Мелбурн на теренот мина само 49 минути, кога при резултат 6/1, 4/1 Јапонецот реши да се предаде.

Нишикори имаше проблеми со бутните мускули, поради што и побара медицински тајм-аут по завршувањето на првиот сет, кој му припадна на Ѓоковиќ 6/1. Јапонецот очигледно не успеал да се рехабилитира од маратонот во осмина-финалето. Пред два дена Нишикори по пет часа и 11 минути го победи Пабло Карењо Буста.

foto: epa

Ѓоковиќ седми пат во кариерата ќе игра во полу-финалето на Австралија опен, а секогаш кога доаѓал до оваа фаза ја освојувал титулата. Исто така, првиот носител се пласираше во своето 34. гренд слем полу-финале, во оваа статистичка категорија пред него е само Роџер Федерер.

За пласман во финалето Србинот ќе игра против Лука Пуи. Францускиот тенисер во првото денешно полу-финале го порази Милош Раониќ со 3:1 (7/6, 6/4, 6/7, 6/4). Првата полу-финална двојка вчера ја формираа Стефанос Циципас и Рафаел Надал.

Scroll to Top