Top Sport

Нишикори во два сета го „спакува“ Федерер

Јапонецот Кеи Нишикори со победа стартуваше на завршниот Мастерс во Лондон. Во групата „Лејтон Хјуит“, Нишикори го победи фаворитот Роџер Федерер со 7:6, 6:3.

Нишикори не покажа ниту малку респект кон својот идол и за 88 минути забележа триумф во „О2“ арената. Инаку ова е прва победа на Нишикори над Федерер по речиси четири години.

foto: epa

Во меѓусебните дуели Федерер сега води против Нишикори со 10:3.

Првиот сет не понуди ниту една шанса за брејк, а во финишот Федерер имаше подобра позиција, предност од 6:5 и 15:30 во 12.гем. Сепак Нишикори успеа да се извлече, а потоа во тај-брејкот ја искористи четвртата сет топка.

Федерер направи брејк во раната фаза на вториот сет, меѓутоа Нишикори веднаш возврати, а потоа Јапонецот уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот за 4:2, а потоа рутински го заврши мечот.

foto: epa

Во второто коло Нишикори ќе игра против Доминик Тим, а Кевин Андерсон ќе му се спротивстави на Федерер.

Во понеделник на програмата се дуелите Марин Чилиќ-Александар Зверев и Новак Ѓоковиќ-Џон Изнер.

Scroll to Top