Top Sport

Ништо од мега-мечот на Мејведер на врвот на Бурж Ал Араб

Флојд Мејведер Јуниор ќе почека за враќање во боксерскиот ринг, откако најавениот меч со Јутјуберот Мани Кикс беше откажан поради несогласувања околу поделбата на парите.

Дуелот требаше да се оддржи на 20 февруари на врвот на славниот хотел Бурж Ал Араб во Дубаи, на хелипадот каде што претходно Ентони Џошуа имаше спаринг, а Роџер Федерер и Андре Агаси играа тенис.

44-годишниот Мејведер се пензионираше од професионалниот бокс со 50-0 скор, по што имаше два егзибициски меча од кои добро заработи – прво го победи кикбоксерот Теншин Насукава во Јапонија на Нова Година во 2018, по што минатото лето влезе во рингот против Јутјуберот Логан Пол, во меч во кој не беше прогласен победник.

Scroll to Top