Беше објавено и фудбалскиот свет со нетрпение го очекуваше „последниот танц“ меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Планот беше овој четврток да се сретнат Ал Наср и Интер Мајами, во пријателски дуел, но двајца, според многумина, најдобри фудбалери на сите времиња, нема да се сретнат очи во очи, веројатно за последен пат.
Ал Наср објави дека Кристијано Роналдо заработил повреда која ќе го оддалечи од натпреварот против МЛС клубот.
Останува прашањето дали ќе има уште една можност двајцата лути ривали, но и добри пријатели да се сретнат барем јавно.
Дури и ако се уште се активни во копачки.