По повод празникот „13ти Ноември“, денот на ослободување на Град Скопје, атлетската федерација на Македонија во соработка со град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов , ќе организира атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11 ноември во недела, со старт и цел на Плоштадот Македонија во близина на Триумфална Капија.
Патеката е кружна во должина од 1200 метри и поминува преку плоштадот Македонија, Сутерен на градскиот трговски центар, покрај Градска болница и Собранието, преку „Рекорд“ и старо „Мек Доналдс“ и повторно до плоштад Македонија.
Се очекува учество на 10тина средни училишта од Скопскиот регион , кои ќе се натпреваруваат во машка и женска категорија на патеката во должина од 1200м или 1 круг , додека во главната трка на 6 километри се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи во машка и женска конкуренција кои патеката од 1200м ќе ја свртат 5 пати.
Стартот на програмата е закажан за 15 часот , додека училишните трки започнуваат во 15:10 за момчиња и 15:20 за девојчиња, главата трка на 6 километри ќе стартува во 15:30 часот.
Предвидени се парични награди за најуспешните 6-мина во главната трка, додека во училишните трки за најбрзите 5-мина се предвидени стокови награди.