Првиот светски тениски рекет во моментов, Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во посета на БиХ. При излегувањето од хотелот каде што е сместен, го пречека група негови навивачи кои сакаат да го овековечат моментот, да се фотографираат со него.
Сепак Ѓоковиќ беше внимателен и постојано повторуваше „Може фотографија, но само на растојание“.
По сите непријатности кои ги имаше на „Адрија тур“ кога неколкумина тенисери, меѓу кои и тој самиот беа заразени со Ковид 19, сега е многу попретпазлив.