Top Sport

Норман светски рекордер на 400 метри во сала (Видео)

Американскиот спринтер Мајкл Норман на универзитетското првенство на САД во сала постави нов светски рекорд на 400 метри.

Норман оствари резултат 44,52 секунди и го собор 13 години стариот рекорд на Кирон Клемент.

Норман (21), во 2016 година освои два златни медали на Светското првенство за атлетичари помлади од 20 години. Тогаш во Бидгошч во Полска тој победи на 200 метри и во штафетата 4×100 метри.

Scroll to Top