Top Sport

Носителките продолжуваат да „паѓаат“, се чисти патот на Серена

Шансите на Серена Вилијамс да освои осма титула од Вимблдон и 24. гренд слем круна во кариерата се сѐ подобри, откако Медисон Киз стана седмата топ 10 носителка која е елиминирана од гренд слемот на трева.

Десеттата носителка Киз, која во последните три гренд слема стигнуваше барем до четврт-финалето загуби во третото коло со 7:5/5:7/6:4 од руската квалификантка, 120-рангираната Евгенија Родина и таа се приклучува на актуелната шампионка Гарбиње Мугуруза, светската тенсиерка број 2, Каролине Вознијацки, двократната шампионка Петра Квитова и на САД опен шампионката,Слоун Стивенс, кои се елиминирани во првите три кола.

Серена, која е 25. носител по контроверзната одлука на Вимблдон да и даде носителско мести иако таа е над 100. место на ВТА листата поради раѓањето на нејзината ќерка во септември, сега не може да се сретне со топ 32 тенисерка до полуфиналето.

Кај мажите, германскиот четврти носител, Александер Зверев влезе во третото коло, победувајќи го Американецот Тејлор Фриц со 6:4/5:7/6:7(7)/6:1/6:2 за да обезбеди интересен дуел со летонскиот ветеран Ернестс Гулбис.

Зверев губеше со 2:1 во сетови кога мечот беше прекинат поради темница во четвртокот, но на сонцето во Лондон го „збриша“ Фриц кога се вратија на теренот.

„Не беше убаво да си одиш во кревет со 2:1 негатива. Но, знаев дека можам да почнам подобро и да стигнам до победата“, вели 21-годишниот Зверев.

Фото: ЕПА

Scroll to Top