Конор Мекгрегор уште еднаш ја покажа својата темна страна и то на Bellator 187 eventu во Даблин. Најголемата ММА ѕвезда се најде во центарот на инцидентот, во кој физички се обиде да се пресмета со судијата Марк Годард.
Иако во изминатиот период Мекгрегор не се бори, тој речиси секојдневно е тема на медиумите, но од причини кои немаат допирна точка со неговиот спорт.
Ирецот беше „главна ѕвезда“ на „Bellator 187 event“ каде присуствувал како гледач, за да им даде поддршка на своите тимски колеги.
По борбата во која победи неговиот колега и поранешен УФЦ борец, Чарли Ворд, Конор Мекгрегор влегол во кафезот за да ја прослави победата со него. Но во еден момент од засега непознати причини, Мекгрегор се нафрлил врз судијата, инаку еден од најдобрите судии во светот, Марк Годард.
Откако излегол од кафезот Мекгрегор со оваации од публиката бил испратен од салата.