Григор Димитров минатиот ноември влезе во историјата како првиот бугарски тенисер кој победил на АТП финалето во Лондон, и од него се очекува многу оваа година, додека статусот на ѕвезда во бугарската јавност се потврди со неговата нова биографија.
Бугарскиот новинар Љубомир Тодоров, уредникот на веб-сајтот „www.tennis24.bg“ ја објави книгата „Григор Димитров: Гордоста на Бугарија“, во која се опишува неговиот живот од почетоците во родното Хасково до јуниорската кариера, преку успесите на АТП турнејата. Во книгата се вклучени и неколку интервјуа со Димитров, повеќе разговори со неговите тренери и пријатели, но и дел за неговите славни врски со Марија Шарапова, Серена Вилијамс и Никол Шерцингер.
Димитров уште по триумфот во Лондон изјави дека еден ден самиот ќе ја раскаже својата приказна.
„Тенискиот животен стил може да оди во толку многу насоки. Еден ден, јас ќе зборувам за тоа, ќе видиме кој ќе сака да слушне. Имам доста работи за кажување“, изјави Димитров.