Судот во Лозана за арбитража во спортот (ЦАС) ги отфрли жалбите на 47 руски спортисти и тренери кои поради оваа одлука нема да можат да учествуваат на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг кои официјално ќе започнат в петок, а ќе завршат на 25.февруари.
ЦАС ги одби наводите на новата група на руски спортисти кои се жалеа на одлуката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) поради изречената суспензија поради наводното учество во организираниот допинг на Олимпијадата во Сочи пред четири години.
Инаку, ИОК претходни им дозволи на 169 спортисти од Русија кои биле „чисти“ да настапат на ЗОИ но под неутрално знаме и под името „Олимпијци од Русија“.
ЦАС, минатата недела донесе поинаква одлука по жалбата на 28 спортисти и тренери. ЦАС им ја укина суспензијата им им дозволи да учествуваат на ЗОИ, но ИОК обелодени дека тие нема да добијат покани.
Исто така на уште 11 спортисти им е укината доживотната забрана и суспензијата ќе се однесува само за Игрите во Пјонгчанг.
Меѓу оние кои во последен момент се обидоа да добијат дозвола за настап на ЗОИ се наоѓаат и шесткратниот олимписки шампион во брзо лизгање Виктор Ан, како и всетскиот шампион во биатлон Антон Шипулин.