Норвежанецот Алексадар Омот Килде забележа нова победа во Светскиот куп. Килде, по вчерашната победа во супер-џи, денес победи во спуст трката во Вал Гардена.
Норвежанецот во целта влезе со време 2:01.45 минути. Резултатот на Килде беше за 22 стотинки подобар од времето на Американецот Рајан Кохрејн, кој го освои второто место. На третото место трката во Вал Гардена ја заврши Швајцарецот Беат Фојц.
Со оваа победа, Килде ја презеде лидерската позиција во Светскиот куп. Норвежанецот има 335 поени, 45 повеќе од Швајцарецот Марк Одемарт.