Американката Линдзи Вон победи на спусот во Гармиш-Партенкирхен последната трка која се возеше во Светскиот куп пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Вон во Гармиш го комплетира совршениот викенд бидејќи победи и на првиот спуст кој се возеше во саботата. Американката по денешната победа има 81 триумф во рамките на светскиот куп.
Како и вечера Вон победи пред Италијанката Софија Гоџа и Тина Вајрајтер од Лихтенштајн. Вон имаше подобро време за 11 стотинки од Гоџа и 12 стотинки од Вајрајтер.
Со оваа победа Вон се доближи на 23 бода до лидерката во поредкот за спуст Гоџа.
Во трката за Големиот кристален глобус убедливо води Михаела Шифрин.