Top Sport

Нова победа за Фуркад, крај на олимпискиот сон за Бјерндален

Најуспешниот олимпиец во историјата на Зимските Игри, норвешката биатлонска легенда, Оле Еинар Бјерндален нема да настапи на својата седма Олимпијада во Пјеонгчанг следниот месец.

Норвешка ќе носи пет биатлонци во Пјеонгчанг следниот месец и на 43-годишниот Бјерндален му беше потребен голем успех во трката на 20 километри во Рухполдинг, Германија за да влезе во составот.

Французинот Мартин Фуркад победи за да го зголеми водството во генерален пласман, победувајќи го Чехот Ондреј Моравец за една минута, додека последното место на подиумот го освои Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо.

20-кратниот светски шампион Бјерндален, кој исто така го има рекордот во Светскиот куп со 95 победи, беше на петтото место по 10 километри од трката, но на крајот имаше пад во формата из аврши на 42. место.

Scroll to Top