Лара Гут-Бехрами ја продолжи доминацијата во супер велеслалом. Швајцарката победи во Гармиш-Партенкирхен со време 1:17.37 минути. За Гут-Бехрами ова е четврта последовна победа во оваа дисциплина.
Швајцарката сега има 30 победи во кариерата, 16 од нив забележала во супер велеслалом.
Гут-Бехарами зад себе ги остави Петра Влхова од Словачка (+0.28) и Тамата Триплер од Австрија.
Во поредокот во супер велеслалом, Гут-Бехрами, има 445 поени. За да вкупна победа, во последните две трки и се потребни пет поени. Во кариерата таа два пати го освојувала Кристалниот глобус во супер велеслалом.
Лидерка во вкупниот пласман во Светскиот куп е Влхова со 989 поени, Гут е втора со 42 поени помалку.