Top Sport

Нова сензација во Монте Карло: Фоњини го прегази Надал на омилениот Мастерс

Италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини приреди нова сензација во полуфиналето од Мастерс турнирот во Монте Карло.

Осумнаесетиот светски рекет во моментов на висок стил го елиминираше Шпанецот со 2-0 во сетови, 6-4 и 6-2.

Фоњини го земе првиот сет за водство од 1-0. Надал возврати со два брејка и стигна до 3-1. Тогаш Италијанецот ја заигра неговата игра и успеа рутинирано, надмоќно да слави со 6-4 во првиот сет.

Во вториот сет ретко видена сцена. Фоњини поведе со 5-0, а во шестиот гем имаше три меч-топки. Сепак не ги искористи.

Надал успеа да се варти за момент во мечот, намали на 2-5, но тоа беше се што направи до крајот.

Утре во финалето на Мастерсот, Фоњини и изненадувањето Лајовиќ ќе се борат за трофејот.

Scroll to Top