Top Sport

Нова трка во Формула 1

Новата патека на Формула 1 во Мадрид ќе се вика Мадринг, соопштија денеска организаторите.

Нова патека во шпанската престолнина ќе биде домаќин на Формула 1 трка од следната година. Организаторите потпишаа 10-годишен договор со Формула 1, до 2035 година.

„Изборот на името Мадринг потсетува на патеката Ред Бул Ринг во Австрија и познатата патека Хунгароринг во Унгарија. Името има за цел да „воспостави концизен и незаборавен идентитет кој директно  упатува на градот домаќин, кој е веднаш препознатлив ширум светот“, се вели во соопштението.

Организаторите рекоа дека името има за цел да ја нагласи поврзаноста на патеката со градот Мадрид и дека ќе биде „спектакуларна патека“, слична на оние во Мајами, Абу Даби и Лас Вегас.

Последната Формула 1 трка во близина на Мадрид се одржа во 1981 година на патеката Харама, на периферијата на градот.

Scroll to Top