Top Sport

Нова закана за исфрлање на боксот од Олимпијадите

На помалку од две години од Олимпијадата во Токио во 2020 година, Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) потврди дека нема да дозволи натпреварувања во аматерскиот бокс додека не заврши истрагата за корупција во Интернационалната боксерска асоцијација (АИБА), уште еднаш заканувајќи се со исклучување на спортот од програмата.

Оваа одлука доаѓа по извештајот на АИБА за прогресот во асоцијацијата по обвинувањата за лош менаџмент, финансиски измами и спортски интегритет (местење на мечевите). АИБА неколку години е во хаос и ИОЦ бара јасен прогрес за да дозволи настап на Олимпијадата во Токио.

Боксот е присутен на сите досегашни летни Олимпијади освен во 1904 година, а во рингот златни медали освоиле многу големи шампиони како Мухамед Али, Џо Фрејзер, Џорџ Формен, Шугар Реј Леонард и Ентони Џошуа.

Scroll to Top