Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ напорно тренира за нападот на два трофеи – прво на мастерсот во Синсинати, а веднаш потоа и на САД опен.
Се освен освојување на двата турнири би било неуспех за српскиот ас. Олеснителна околност за не го е што на турнирите ќе ги нема Надал, Федерер, Кирјос, Нишикори…
Најсериозната конкураенција за Ѓоковиќ доаѓа во имињата на Доминик Тим, Стефанос Циципас, Данил Медведев и Александер Зверев.
Токму Германецот со руско потекло објави интересна снимка од стадионот „Артус Еш“ во Њујорк каде Ѓоковиќ одработуваше тренинг.
На далечина од над 30 метри Новак го погоди Зверев со топчето право во рака.
Погледнете:
Djokovic hitting Zverev's suite.
Easy: pic.twitter.com/KDs4t7j4C4
— José Morgado (@josemorgado) August 17, 2020