Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ бил мета на криминалци кои преку користејќи го неговото име сакале да направата голема финансиска измама. На интернет страница, на која се промовираат крипто валути, било објавено измислено интервју со Ѓоковиќ.
Наводно тој ги повикал луѓето во Србија да вложуваат во биткоини за да можат „лесно да заработат“.
По повод овој случај се огласил адвокатот на тенисерот Горан Драганиќ.
„Ја известувам јавноста дека изминатите денови социјалните мрежи и медиумите повторно се преплавени со лажни интервјуа и лажни изјави на Новак Ѓоковиќ во врска со криптовалутите. Станува збор за измама од до овој момент непознати сторители“.
Адвокатот на Ѓоковиќ соопштил дека биле известени надлежните органи и дека поднел пријава до обвинителството.