Top Sport

Новак првпат во четврт-финале оваа година

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го „запиша“ првото четврт-финале оваа година по 6:1/7:5 победа над Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас на Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ секогаш играл добро на „Форо Италико“, каде што е четирикратен шампион и има уште четири порази во финалињата, и сега ќе се судри со Јапонецот Кеи Нишикори, кого го победи во Мадрид пред една недела.

Во другите мечеви од четврт-финалето утре играат Марин Чилиќ-Пабло Карењо Буста,  Рафаел Надал-Фабио Фоњини и Давид Гофан-Александер Зверев.

Фото: ЕПА

Scroll to Top