Новак Ѓоковиќ во Дубаи се обидува по петти пат да го освои трофејот од богатиот тениски турнир, но покрај тоа наоѓа време и да ужива во локалните обичаи.
На прошетка и вечера во градот, тој „налета“ на една танчерка со сабја, и едноставно мораше да и се придружи во танцот.
Утре, Србинот игра со Филип Колшрајбер за пласман во четврт-финалето.