Поранешниот доктор на американските гимнастичарки, Лери Насар доби уште дополнителни 40 до 125 години затвор за сексуална злоупотреба на млади спортистки, откако минатиот месец беше осуден на 175 години затвор.
Насар, исто така отслужува 60-годишна казна за поседување на детска порнографија.
Истрагата за Насар предизвика и истрага за тоа како американските олимписки лидери, гимнастичката федерација, но и Универзитетот во Мичиген, каде што Насар работеше, не се активирале по многубројните жалби до нив.
Претседателот на Мичиген Стејт, Лу Ана Сајмон веќе си поднесе оставка, а си заминува и Валериј Лукин, координаторот на американската гимнастичка федерација.
JUST IN: Disgraced former USA Gymnastics doctor Larry Nassar sentenced to 40-125 years in prison in Michigan; “I believe this sentence is proportionate to the seriousness of the circumstances surrounding the offenses and of the offender,” judge says. https://t.co/hNsZ0RWIAD pic.twitter.com/6Oj6Xr3xDw
— CBS News (@CBSNews) February 5, 2018