Бордот на Грен слем турнирите, чии претставници се Вимблдон, Австралија опен, Ролан Гарос и Ју-ес опен, донесе одлука, во иднина тај-брејот во решавачкиот петти сет, да се игра до 10 освоени поени.
По консултациите со ВТА, АТП и ИТФ, кончено е донесена правилот кое ќе важи за четирите најголеми турнири. Досега секој турнир имаше свои правила на игра во решавачкиот петти сет кај мажите или третиот кај дамите.
Правилото ќе започне да се применува од Ролан Гарос, ќе важи за дуелите во машка и женска конкуренција, но и за мечевите на јуниорскиот дел од турнирот во двете конкуренции.