Во пресрет на новогодишните празници Спорт лајф донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливите категории.
Во текот на минатата и оваа недела претставниците на Спорт лајф ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово и притоа ги израдуваа со новогодишни пакетчиња.
„Најголема и најважна е радоста и среќата на децата, затоа за новогодишните празници Спорт лајф својата хумана мисија ја насочи кон децата од ранливите категории, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, со желба да им ги разубавиме новогодишните празници и да им посакаме радосно и безгрижно детство. Воедно, во оваа пригода Ви ја честитаме Новата Година и ви посакуваме најубави желби и среќни празници на сите“ – истакнуваат од Спорт лајф.
Спорт лајф како и досега, така и во иднина ќе продолжи со реализација на хуманитарни и општествено одговорни активности, за подобрување и унапредување на животот, спортот и за поддршка и помош на оние на кои таа им е најпотребна.