Дагестанецот Кабиб Нурмагомедов стана светски првак во УФЦ откако го доби мечот во пет рунди против Ал Јакинта.
Нурмагомедов апсолутно доминираше против Јакинта што јасно го покажаа и судиите. Двајца судии борбата ја бодуваа 50-43, а еден 50-44.
Дагестанецот сега има 26 победи без пораз во УФЦ, а во ММА е на десет победи и ниту еден пораз.
Мечот се одржа во сенка на скандалот што го предизцика Конор Мекгрегор, кој во петокот го нападна автобусот на Нурмагомедов.
„Каде е Мекгрегор? Сакаш да се бориш против авотбус? Заинтересиран сум само за борба со вистински гангстер“, рекол Дагестанецот откако го добил појасот.
– GSP fight in November
– Iaquinta’s a real gangster
– Where’s the chickenThat’s a lot of information to digest, @TeamKhabib #UFC223 pic.twitter.com/N9wS1fpkJy
— UFC (@ufc) April 8, 2018