Хабиб Нурмагомедов се потсмеваше со својот ривал Конор Мекгрегор поради неговата горделивост што е Ирец, иако не го зборува ирскиот јазик.
„Ноториус“ ќе се врати во УФЦ рингот овој викенд по двегодишна пауза од октагонот на УФЦ 229 во Лас Вегас, и постојано посочува колку е горд на своето ирско потекло, носејќи ја тробојката на секој меч.
„Моето семејство, мојата крв, мојот клан Мекгрегор. Стоевме се боревме против англиската империја што нашето име беше прогонето 100 години од кралот Џејмс“, изјави неодамна Мекгрегор.
Нурмагомедов вели дека тоа е смешно.
„Не го сфаќам. Зборува за борба против англиската империја а зборува англиски јазик. Ирска има свој јазик, но тој зборува англиски и тоа лошо. Знам дека и јас не сум најдобар со англискиот, но барем сите ме разбираат што зборам. На прес-конференцијата не сфатив 50-60 отсто од тоа што тој зборуваше. Јас зборувам руски, англиски и арапски. Тој зборува само англиски и зборува за борба против Англичаните“, вели Нурмагомедов.