Top Sport

Нурмагомедов: Со задоволство го претепав тој човек

Хабиб Нурмагомедов изјавил дека единствено во борбата против Конор Мекгрегор имал намера на пртивникот да му нанесе болка. Во пресрет на нивната борба во 2018 година Ирецот испраќаше жестоки навреди кон Нурмагомедов. Дагестанецот во октагонот потоа го уништи Мекгрегор и го натера да се предаде.

„Која борба ми останала во сеќавање? Мојата претпоследна борба. Сите знаете против кого беше“, рекол Нурмагомедов одговорајаќи на прашања на фановите.

„На почетокот уживате во победите тоа во носи големо задоволство. во последно време не уживам, исклучок е таа борба. Во таа борба со задоволство го претепав тој човек“.

Истакнал и дека никогаш не сакал да противниците да им нанесува повреди иако имал имал можност за нешто такво.

„Имав борба во која можев тешко да го повредам противникот, не сакав да му скршам нешто. Ова е брутален спорт, но никогаш не сум имал намера некого тешко да повредам, особено кога знам дека победувам. Повторувам исклучок е таа една борба“, реко, Дагестанецот.

Нурмагомедов во крариерата има 28 победи во исто толку борби.

Scroll to Top