Рони О’Саливен ја освои својата 30-та ранкинг титула, откако со 10:3 го декласираше Џад Трамп за титула на Мастерсот во Шангај и 150.000 фунти награда.
„Ракетата“ стигна до брзо водство од 7:0, пред Трамп да се врати со последните два фрејма од сесијата. Но, сите надежи за неверојатен кам-бек завршија во првиот фрејм од последната сесија, кога О’Саливен направи брејк од 108. Трамп стигна до 8:3, но петкратниот светски шампион не дозволи продолжување на мечот и ги освои следните два фрејма за 10:3 победа.
О’Саливен доби 3.000 фунти за највисокиот брејк (144), и со победата 41-годишниот ветеран има 9:8 скор оваа година против 28-годишниот Трамп.
Во 2018 година, Мастерсот во Шангај ќе стане турнир со покани за 24 играчи, со вкупен награден фонд од 725.000 фунти.