Top Sport

О’Саливен го продолжи шоуто со судијата Мартил, Трамп се врати на 14:11

Џад Трамп успеа да се врати во игра во финалето на Светското првенство во снукер во Шефилд, намалувајќи ја предноста на Рони О’Саливен на 14:11 по попладневната сесија, која повторно беше одбележана со продолжување на нетрпението меѓу „Ракетата“ и судијата Оливер Мартил.

Вчера, Мартил му даде предупредување на шесткратниот светски шампион О’Саливен за наводен „непристоен гест“, по што О’Саливен во интервјуа тврдеше дека тој имаа нешто против него. Денеска, во попладневната серија, пак, тој одби да му направи место кога тој побара да ја разгледа ситуацијата, предизвикувајќи комична ситуација.

О’Саливен блиску до седмата светска круна по расправијата со судијата во Шефилд

Scroll to Top