Top Sport

О`Саливен играше со налакирани нокти, причината е воодушевувачка

Светскиот шампион во снукер, Рони О`Саливен ја воодушеви јавноста со својот последен потег. Во последниот негов меч против младиот соперник, Брајан Очоицки еден детал остана во очи. О`Саливен ги налакирал ноктите со розева боја, затоа што таа боја ја симболизира борбата против ракот на дојката, само за јавноста да ја освести дека оваа опасна болест и понатаму зема голем број жртви.

„Ајде да го разбиеме ракот на дојката“ – напиша шампионот на фотографијата каде позира со налакирани розеви нокти, објавено на Твитер. Сето тоа тргнало откако негов пријател го замолил да се налакира и тоа да го објави на социјалните мрежи. Рони отиде и чекор понатаму.

Scroll to Top