Најголемата снукер ѕвезда на денешницата, Рони О’Саливен најави дека може да го пропушти Светското првенство следната година за да снима ТВ шоу.
Петкратниот светски шампион, 42-годишниот О’Саливен останува најпопуларниот играч на светот, а во шесте недели во ноември и декември покажа дека уште е еден од најдобрите на светот, освојувајќи три титули, меѓу кои и УК шампионатот. Тој би бил еден од фаворитите на првенството во Шефилд во април.
Но, сега, тој вели дека неговата ТВ серија „Хасл“, во која патува низ светот и игра билијард и снукер, е поважна.
„Снимаме во мај во Австралија. Можеби нема да одам на ’Крусибл’. Таму се игра премногу долго и тоа ми е најнеомилениот турнир. Досадно е. Имам доволно рејтинг-поени и не морам да играм толку многу“, напиша О’Саливен.