Top Sport

О’Саливен се врати на блескавата форма во Велс

Рони О’Саливен не го загубил „осетот“, победувајќи го Шон Марфи со 10:4 во финалето на Плејерс шампионатот во Велс.

42-годишниот О’Саливен имаше одличен старт на вечерната сесија и со брејк од 92 стигна до 7:3, водство по што Марфи врати со прв сенчури од 137, но потоа на масата имаше само еден мајстор – „Ракетата“ О’Саливен.

Ова е негова рекордна петта титула оваа сезона и 33. ренкинг-титула во кариерата, со што е на само три од рекордот на вечниот Стивен Хендри. Светскиот број 2 победи на Англија опен, Мастерсот во Шангај, УК шампионатот и Светското ГП. Во 1990/91, Хендри победи на пет од осумте ренкинг-турнири, рекорд кој лани го повтори и Марк Селби.

„Играв доволно добро и среќен сум. Ќе се обидам да ја продолжам кариерата што е можно подолго, но не можам да играм колку и другите момци, бидејќи ќе ’изгорам’. Оваа година навистина сум фокусиран“, изјави О’Саливен.

Scroll to Top