Крег О’Шенеси, тениски стратешки аналитичар е нов член на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, објавија британските медиуми.
Ѓоковиќ кој годината на Вимблдон, откако поради повреда му го предаде мечот на Томаш Бердих, враќањето на тениските терени го најави за 29.декември кога ќе започне егзибицискиот турнир во Абу Даби.
Српскио тенисер, исто така, потврди дека на првиот Гренд слем во сезоната, Аустралијан Опен, со него ќе бидат тренерите Андре Агаси и Радек Штепанек.
Дел од тимот во Мелбурн ќе биде и Крег О’Шенеси.
„Бев тука (Монако) цела недела со тимот на Новак Ѓоковиќ. Тука беа и Андре Агаси и Радек Штепанек. Организацијата беше собршена. Беше сјајно. Научив доста од нив за многу кратко време“, рекол О’Шенеси.
Крег беше тренер на Џастин Браун кој во 2015 година успеа да го елиминра од Вимблдон, Рафа Надал.