Top Sport

Обезбедувањето не му даде на Федерер да влезе во соблекувалната! (видео)

На Австралија опен се почитуваат правилата, дури кога се работи за 20-кратниот гренд слем шампион, Роџер Федерер.

Швајцарецот можеби е најславниот тенисер на денешницата, но стјуардот на „Мелбурн парк“ сакаше да ја види само акредитацијата пред да му дозволи да влезе. Федерер, за жал, не ја носеше со себе, така што мораше да почека член на неговиот тим да пристигне и да докаже на официјалното лице дека има право да влезе во соблекувалната.

Но, Федерер не е првиот со ваков проблем на Австралија опен оваа година. Марија Шарапова исто така мораше да се враќа по својата акредитација откако беше сопрена во еден ходник.

Scroll to Top