Top Sport

Обвиненија за перење пари за Френки Фредерикс

Поранешната атлетска ѕвезда на Намибија, Френки Фредерикс е обвинет за перење пари и корупција од страна на француските власти во случајот за купување гласови за организација на Олиписките игри.

50-годишниот Фредерикс, освојувач на четири атлетски сребрени медали од Олимпијадите, е обвинет дека прифатил 299.300 долари од синот на поранешниот претседател на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), Ламине Диак истиот ден кога Рио де Жанеиро го доби гласањето за организација на Олимпијадата во 2016 година.
Embed from Getty Images

Фредерикс, кој беше член на ИОЦ, тврди дека се работи за легитимна исплата за консултации и промоции за ИААФ и демантира дека бил поврзан со кандидатурата.

Фредерикс освои сребро на Олимпијадите на 100 и 200 метри во Барселона во 1992 година и во Атланта во 1996 година. Тој е светски шампион на 200 метри од 1993 година. По овие обвиненија во јуни тој доби условна суспензија од ИААФ, кои имаат и интерна истрага.

Scroll to Top