Рускиот тенисер Данил Медведев (25) настапува на Индијан Велс и се обидува да го симне Новак Ѓоковиќ од лидерската позиција на АТП листата. Младиот руски тенисер открива дека од неговата шеста година мечтаа еден ден да биде лидер меѓу тенисерите.
„Од својата шеста година сонувам за првото место, но Ѓоковиќ е вистинскиот број 1. Оваа година освои 3 грен слема, тоа е реалност. Тоа ми е една од целите, само морам да добијан пеколно многу мечеви и грен слемови за да стигнам дотаму“ вели Медведев.
Русинот ќе биде прв во светот само ако го освои мастерсот во „калифорниската пустина“ кој е во тек. Тој стигна до осминафиналето каде следен предизвик му е меч со бугарскиот тенисер Григор Димитров.
За потсетување, неодамна Медведев го освои САД опен, а во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ. Тоа за него беше прв грен слем трофеј во кариерата.
Ако го претекне Ѓоковиќ на врвот на АТП листата, тој ќе стане 27-от број 1 во историјата на тенисот.