Млада боксерка од Мексико почина три дена по борбата во Монтреал. 18-годишната Жанет Закариас Запата, во четвртата рунда, по една серија на удари кои и ги зададе противничката, Мари-Пјер Хол, падна во рингот.
Сидијата веднаш ја прекинал борбата. Запата без проблем станала, но по 20 секунди започнала да се тресе. Лекарите веднаш интервенирале и таа била префрлена во болница.
Лекарите ја ставиле во вештачка кома. За жал, три дена по борбата, Запата почина од повредите со кои се здобила.
Нејзината противничка Хол изразила сочувство до семејството.