Top Sport

Одбојкарите дебитираат на европските првенства

Четврток, 12 септември 2019 година ќе биде запишан во историјата на македонската одбојка. Македонската репрезентација денес ќе го одигра својот прв натпревар на европските првенства.

Прв противник на Македонија, во Ц-групата во Љубљана, ќе биде селекцијата на Финска која по 18 пат е учесник на континенталниот шампионат.

„Уживаме, но не сакаме да бидеме само обични учесници, сакаме и да победуваме. Нема што да се плашиме од Финска, тоа е добра репрезентација, но од наш ранг. Треба да бидеме агресивни, да ги намалиме грешките, да се бориме за секоја топка. Тие играат мудро, но имаат проблеми со високите топки. Очекувам ова да биде наш ден, да биде убав ден“, изјавил за интернет страницата на Одбијкарската федерација капитенот Никола Ѓорѓиев.

Покрај Македонија и Финска, во Ц-групата уште се и Русија, Словенија, Турција и Белорусија.

Дуелот во Љубљана Македонија-Финска ќе започне во 17.30 часот.

Scroll to Top