Top Sport

Одбојкарите победија во БиХ, сега чекаат победа на Романија над Албанија

Македонската одбојкарска репрезентација забележа максимална победа над Босна и Херцеговина, во натпреварот од последното коло во Б-групата, во Европската сребрена лига.

Во Тузла, Македонија на домаќинот му препушти по 21 поен во првиот и вториот сет и 20 поени во третиот сет.
Македонија на табелата се израмни со Албанија, двете репрезентации имаат по 10 бода, но Албанците утре во Романија ќе го одиграат натпреварот од последното коло.

Македонија ќе се пласира на завршниот турнир во Унгарија, само доколку Романија ја оправда фаворитската улога и ја победи Албанија. Во еден таков епилог, Романците не треба да загубат повеќе од еден сет.

Фото: Игор Паневски

Scroll to Top