Top Sport

Одемарт победи во Венген и го спречи Килде да го стигне „Херминаторот“

Швајцарецот Марко Одемарт е победник на трката во Супер-џи која се возеше во Венген. Одемарт победи со време 1:29.00 минути.

Одемарт со оваа победа го спречи Александер Омот Килде да го израмни рекордот на легендарниот Херман Мајер. Само „Херминаторот“, успеал во една сезона да победи на сите четири трки во оваа дисциплина.

Норвежанецот Килде, победникот на претходните три трки во Супер-џи, го освои второто место. Тој за 23 стотинки имаше послаб резултат од Одемарт.

Третото место му припадна на олимпискиот шампион, Австриецот Матијас Мајер (1:29.58 минути).

Одемарт, со оваа победа, ја зголеми предноста во генералниот пласман во Светскиот куп. Швајцарецот води со 945 бода, Килде е втор со 549, а Мајер е трет со 507 бода.

Светскиот куп во маѓка конкуренција продолжува утре, со трката во спуст.

Scroll to Top