Top Sport

Одермат триумфираше на велеслаломот во Крањска Гора

Денеска е одржан деветтиот, претпоследен велеслалом сезонава во рамки на Светскиот куп. Во Крањска Гора победник беше Швајцарецот Марко Одермат кој славеше пред сонародникот Лоик Мејлард, додека трет трката ја заврши Австриецот Стефан Брејнстејнер.

Најдобриот хрватски скијач Филип Зубчиќ трката ја заврши на шестата позиција со заостанување од 24 стотинки од местото на подиумот.

Што се однесува до борбата за велеслаломскиот Глобус, денешниот победник Одермат е првопласиран со 625 бода, втор е Алексис Пинтуро со 600 бода, додека Зубчиќ е на третата позиција со 526 поени.

Одлуката за тоа кому ќе му припадне кристалниот глобус во оваа дисциплинаќе падне идната сабота во последната трка во швајцарски Ленцерхајде.

Scroll to Top